GeoWILD MAK
www.geowildmak.com.mk
   
    

21 Јули 2009
Тимот на ГеоВИЛД Мак ја реализираше и втората фаза од МАКПОС- мрежата референтни станици.
Можеме слободно да се пофалиме дека ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА НА Р.МАКЕДОНИЈА Е ПОКРИЕНА со МАКПОС.
погледнете детали на официјалниот портал на МАКПОС >

25 Септември 2008

Агенцијата за Катастар на Недвижности на Р.Македонија официјално ја промовираше Мрежата Референтни GNSS станици - МАКПОС.
Покриена е без малку половина Македонија, а во најава е во најкраток рок покриеност на целата територија. Makpos - Референтна мрежа е систем од софтвер и опрема од Leica Geosystems.
повеќе на страната на Агенцијата за Катастар на Недвижности >

23 Маj 2008
Тимот на ГеоВИЛД Мак со професионална поддршка од одговорни инженери од Leica Geosystems успешно ја имплементираше опремата и софтверот.
Успешно се реализираа сите активности за стартување на Мрежата Референтни GNSS станици од Leica Geosystems.
Makpos - Референтна мрежа е веќе во функција од аспект на системот од софтвер и опрема од Leica Geosystems.
Во првата фаза од проектот, поставени се 5 станици.Станицата во Охрид набрзо ќе се вклучи во мрежата, а до крајот на 2008 се планира да се покрие целата територија на Р.Македонија
Локациите се дадени на картата лево.
Во тек се другите активности од страна на ДЗГР за утврдување на параметри и официјален старт за сите корисници на GPS во Р.Македонија.

Leica обезбедува решенија и системи за позиционирање, премер, мапирање, навигација, метрологија (индустриски мерења), управување со машини, катастар, градежништво, фотограметрија, рударство и инженерство, обработка на слики за далечинска детекција, метрологија и други геодетски и мерни апликации. Мерни системи вклучувајки високопрецизни GPS, тотални станици, теодолити, нивелири, GIS, софтвер, аеро камери, рачни мерни уреди (DISTO™должиномери) и 3D ласерско скенирање.
© GeoWILD MAK 2009